Заев избега од прашања, оставка не дава, се закани со избори

Премиерот Заев иако првично беше најавено дека ќе даде изјава и ќе одговара на прашања сепак само кратко се обрати во штабот на коалицијата За Европска Македонија и најави дека за еден час ќе има нова прес конференција на која ќе прима и прашања од новинарите.

Во обраќањето тој рече дела денеска бил мирен ден, во кој Македонија докажала дека е дел од семејството на европски држави.

Секој граѓанин гласал по свое убедување, рече премиерот кој им честиташе на сите граѓани, за постигнатиот успех за европска Македонија кој бил постигнат заеднички и покрај тоа што бил организиран бојкот од опозицијата во кој како што рече имало исклучоци.

Заев очекува дека сите што гласале се ЗА а тоа треба да се претвори во политичка активност.
Ако има огромно мнозинство тогаш јасна е иднината, пратениците треба да изгласаат во Собранието уставни промени и да ја почитуваат одлуката на гласачите, смета премиерот.

Ја повика опозицијата да го почитува резултатот и да гласа за промена на името во Собранието.

Доколку тоа не се случи премиерот се закани со предвремени избори веднаш.

И покрај двете предходни изјави дека ако референдумот пропадне тој сега вели дека ќе продолжи да ја води земјата напред и Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ.

На прашања на новинарите ќе одговара за еден час.

SHARE

Comments are closed.