Заев замолил Макрон да помогне, тој може да му ја уништи кампањата (ВИДЕО)

Македонската влада очекуваше дека видео обраќањето на францускиот претседател Емануел Макрон ќе и помогне да ги убеди граѓаните да гласаат за референдумот на 30 септември.

Но во своето видео обраќање Макрон воопшто не спомена дека со договорот се приближуваме до членство во ЕУ туку го кажа тоа што премиерот Заев и целата Влада го премолчуваат во целиот тек на кампањата, дека со успешен референдум и ратификуван договор со Грција Македонија ќе стане Северна.

„Знам дека ниеден договор не е совршен. Знам дека за едните истиот не е доволно долгорочен, а за другите дека поинаку би го испреговарале. Ги слушам сите критики кои се кажани. До пред неколку месеци никој не се надеваше на овој договор. Но, на овој договор се чека веќе 27 години. Овој договор се постигна поради храброста на Вашите и на грчките лидери. Затоа јас го поддржувам. Потполно! Силно!“, вели Макрон.

Претседателот Макрон вели дека тој лично е „за“ и дека смета на вистинската одлука на нашите гласачи.

„Вие треба да изберете и да се одлучите дали сте за промена на Уставот или не, за Спогодбата да стане важечка. Да станете Северна македонија, согласно Спогодбата. Јас одлучно сум ЗА и цврсто верувам дека овој договор е добар! За вас, за целиот регион и за Европа. Сметам на Вас!“, вели францускиот претседател.

Зошто кабинетот на францускиот претседател го користи вокабуларот од кој како од ѓавол бегаат и Заев и сите други меѓународни актери може само да се нагаѓа.

Практично невозможно е кабинетот на Макрон да не бил информиран дека со ваков вокабулар тој може да му одмогне наместо да му помогне на Заев и владата во Скопје.

Макрон заедно со холандскиот премиер Марк Руте се најголеми противници на проширување на ЕУ со нови членки пред унијата да се реформира внатрешно.

SHARE

Comments are closed.