„Ако Грција не се откаже од своето настојување да биде договорено име за сеопшта употреба и да биде променет македонскиот Устав, спорот меѓу двете земји нема да биде решен“, смета Мартин Минков, програмски директор на Бугарско национално радио (БНР) и експерт за Балканот.

Тој е песимист и дека до јуни ќе биде најдено решени за речиси тридеценискиот проблем.

„Спорот за името на Македонија тешко дека ќе биде решен до крајот на јуни. Во полемиката меѓу двете страни сè уште има тешко решливи прашања“, изјави Минков за ТВ Европа. „Доста воздржан оптимист сум, не сум оптимист за рокот и за времето во кое ќе се стигне до таа спогодба. Сметам дека може да се размислува во една перспектива, да речеме, и до крајот на годината“.

„Ако Грција не направи компромис, тоа може одново да ја спушти пречката. И што правиме тогаш? Уште 25 години Македонија ќе биде сива зона, исто и Западен Балкан“, заклучува бугарскиот стручњак за регионот.

 

SHARE