Познатиот македонски театарски, филмски и телевизиски актер утринава, како и во случајот со другите осомничени за настаните во Собранието на 27 април, помеѓу 4 и 5 часот бил уапсен во неговиот дом.

Тој беше еден од учесниците во априлските протести и еден од оние кои влегоа во Собранието.

Како што неофицијално се дознава, Јовановски наводно цели пет месеци не излегувал од дома, освен кога заминувал на работа, поради тоа што добил закани дека ќе биде уапсен.

Јовановски кој заедно со Игор Дурловски никогаш директно не бил ангажиран во политиката, во последно време наводно изјавувал дека е длабоко разочаран од она што се случува во Македонија.

Тој имаше главна улога во култниот филм „Балканкан“ и беше препознатлив лик по серијалот документарни емисии насловен „Мојата чудесна Македонија.

SHARE