Албанската мафија, која е многу моќна во Велика Британија, претставува растечка закана и за Холандија.
Со рации во 14 згради и апсењето на 7 осомничени, одделот за кривични истраги во Амстердам ја заокружи, интензивната едно и полгодишна истрага за голема Албанска криминална организација во Холандија.
Истражителите работеа во тесна соработка со италијанските власти, кои следат уште многу Албанци.
Околу 100 албански криминалци беа следени за време на истрагата во Амстердам. За време на рациите биле пронајдени три парчиња огнено оружје, рачна граната, десетици килограми кокаин и многу марихуана, пренесува албанскиот „Exit.al“.
Познато е дека Албанците нудат одличен квалитет на кокаин по добра цена и се многу насилни кон конкурентите.
Додека низ Италија циркулираат „пакети“ од 500 до 1.000 килограми кокаин, истражувачите од Амстердам главно откриле помали количини од 30 до 40 килограми.
„Амстердамската група“ функционирала многу прецизно и изградила скривници во куќи и во автомобили, опремени со хидраулични, магнетни или електрични системи, каде се криеле пари и дрога,.
Во Велика Британија, Албанците доминираат на половина од пазарот на кокаин; тие владеат со цели шопинг улици и го инвестираат профитот од дрога во недвижен имот и во туристичката индустрија.

SHARE