Албански амбасадор: Македонија ќе биде трета држава на Албанците

Поранешниот албански амбасадор во Косово и Македонија, Арбен Чејку, изјави дека по 10 години ќе има три албански држави во регионот.

Како што пренесуваат албанските медиуми. Чејку вели дека во 2028 година освен Албанија и Косово, ќе има и уште една албанска држава, таа на Албанците во Македонија.

– Сега веќе државотворноста на Албанците во Македонија е реалност и настаните таму ме натераа да сфатам и да предвидам дека по 10 години ќе имаме трета држава на Албанците, рече Чејку.

Според него, иако ја одбележале десетгодишнината од независноста на Косово, албанското прашање сé уште не е целосно решено, бидејќи се уште не им е дадено целосно право на Албанците во Македонија.

SHARE

Comments are closed.