Алиоски прогласен за најдобар играч на Лидс во ноември

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски е избран за играч на месецот на англискиот второлигаш Лидс јунајтед.

Алиоски доби 73 проценти од гласовите на навивачите на членот на Чемпионшип, уверливо победувајќи ги октомврискиот лауреат Самуел Саиз и средниот бек Понтус Јансон.

„Вистински почестен. Ви благодарам на сите за вашите гласови“, напиша тој на својот профил на „Фејсбук“.

Популарниот Џани беше стрелец на секој од четирите натпревари во ноември, во кои покрај четирите гола забележа и две асистенции.

Покрај признанието, македонскиот играч за врска денеска доби и швајцарски часовник од ограничената серија на клупскиот спонзор „Луј Ерар“.

SHARE

Оставете коментар