„Дали, доколку ја продавав фирмата на некоја бугарска компанија, тоа ќе беше поврзано со договорот за добрососесдтсво меѓу двете земји или дали, ако ја продадев на албанска фирма, ќе беше во контекст на донесување на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија“, прашува вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој се најде во фокусот на вниманието на јавноста откако реши да ја продаде неговата фирма за дистрибуција на струја ЕДС на грчкото електростопанство.

Тој во емисија на една ТВ се изјасни дека е принуден на овој чекор, за да ги избегне евентуалните обвинувања за судир на интереси.

Не е позната цената на купопродажбата, но Анѓуѓев вели дека брзо ќе објави за колку пари ја продава компанијата.

Одлуката за продажба доаѓа во сензитивен период за Македонија, кога уставното име е предмет на преговори со Грција за промена, коментираат дел од македонаските медиуми.

„Компанијата ЕДС ќе биде продадена. Сите тоа да го пратат транспарентно, легитимно е јас сум носител на јавна функција, граѓаните да ја имаат таа информација“ вели Анѓушев според кој станува збор за приватна компанија која што нема никаква врска со политиката или со државата“, изјави Анѓушев.

Но, тој увери, со оглед на неговата висока позиција во владата, дека ќе извести кога ќе се случи продажниот „дил“ и дека во анкетен лист ќе ги извести граѓаните за кои пари ја продал неговата компанија ЕДС.

Како потсетување, енергетската компанија ЕДС, снабдува 40 отсто од македонските компании со електрична енергија и испорачува 320 мегавати електрична енергија.

SHARE

Comments are closed.