Апасиев: Кај учевте дипломатија, бе, гревчиња?

Димитар Апасиев, доцент на Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип и член на Президиумот на партијата Левица, на својот профил на „Фејсбук“ ја критикува одлуката на Македонија да протера еден руски дипломат во знак на солидарност со Велика Британија во случајот „Скрипал“.

„Протеруваш ДИПЛОМАТ од земја која те признава под уставно име, за да ѝ угодиш на земја која не те признава ни под ‘разно’!?“, напиша Апасиев, за да се надополни со пораките со хаштаг: #КајУчевтеДипломатијаБеГревчиња, #СкандалСастав и #ВазалствоНеЗначиМеѓународнаПолитика.

SHARE

Comments are closed.