Италијанките ги бранат иранските жени, по дефиниција тоа е скандал

Првиот натпревар од групата А во Светската одбојкарска лига за жени во Пезаро не течеше според сценариото на домаќинот. Имено, непосредно пред мечот Италија – Иран активистката за женски права Дарија Сафаи извади транспарент во кој се бара на иранските жени да им биде дозволен влез на стадионите и во салите, нешто што од поодамна е забрането во Исламската република во која владее шеријатот.

На ова реагираа претставниците на Иранската федерација и ултимативно побараа Дарија да биде отстранета по цена на неиграње и на службено губење на мечот. Но типично за борците за човекови права госпоѓица Сафаи не се сложи, не го тргна доброволно траспарентот, по што мораше да интервенира полицијата и да ја отстрани.

SHARE