Ватерполо селекцијата на Хрватска е нов светски првак откако во финалето на турнирот во Унгарија славеше против домаќинот со 8-6. Хрватите извонредно го започнаа мечот за златото добивајќи ја првата четвртина со резултат 4-0. Тоа не го деморализира фаворитот, па унгарската одбрана почна да функционира беспрекорно, а “баракудите” цели 11 минути беа без постигнат погодок. Домаќините стигнаа до 4-4, но потоа Чави Гарсија кој беше човекот на одлука, постигна два гола во серија за водство од 6-4, предност што Хрватите ја одржаа до самиот крај, до конечните 8-6. За Хрватска ова е прво злато по пауза од десет години, откако стигна до истиот успех во 2007. година во Мелбурн.

Хрватска претходно во полуфиналето ја елиминира Србија, а потоа беше подобра и од Унгарија, триумфот е заслужен, а најдобар во големата победа е голманот Бијач, кој со бројни извонредни интервенции ги откажа Унгарците во вечерашната битка за златото.

SHARE