Бериша: Албански шверцери кријат дрога вредна 9 милијарди евра

Поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша, изјави дека ,,девет милијарди евра дрога се сокриени во албански тунели“.

Во интервју за албанската телевизија ,,News 24“ тој рече дека актуелната власт предводена од премиерот Еди Рама е директно замешана во производството и шверцот со дрога во земјата.

„,Премиерот Еди Рама е директно замешан во производството, а сега и во собирањето на дрогата ‘канабис сатива’ во Албанија, поради што тврдам дека над 9 милијарди евбра дрога се сокриени во тунелите во Албанија“ изјави Бериша и додаде дека Владата на Рама е таа која го контролира шверцот со дрога.

Бериша истакна дека обвинувањата против Самир Тахири, поранешен министер за внатрешни расботи во претходните кабинети на Еди Рама, биле точни – пренесуваат медиуми од Аклбанија – бидејки Тахири, како што тврди Бериша, имал улога во бандата на семејството Хабнилај која го вршела големиот шверц со дрога од Албанија во Италија, а за што Италија веке имало и докази.

Интересно е што пред дестина дена, екс-премиерот и екс-претседателот Сали Бериша, инаку личен кардиолог на последниот албански диктатор Енвер Хоџа, излезе во јавност со тешко обвинение дека на границата меѓу Косово и Албанија се врши шверц со деца заради купопродажба на органи.

Нема потврда или деманти на ова сериозно обвинување.

SHARE

Оставете коментар