Беќир Асани е достапен 24 часа, ако го повикаат ќе се појави во ЈО

Беќир Асани, кои пред десетина беше учесник во инцидентот со полициска службеничка, при обид неговото непрописно паркирано возило да биде подигнато од „пајак“, за ТВ24  изјавил дека е достапен и дека постојат видео снимки од околните камери кои докажуваат дека на критичниот ден имало само вербална расправија.

При инцидентот, како што изјави на средбата со министерот за внатрешниработи Оливер Спасовски, полицајката Јасмина Јаначковска се повредена откако од невнимание „се удрила“ во возилото „пајак, што предизвика лавини од шпекулации дека расправата не била само вербална.

Асани, кој е висок функционер на ДУИ, с’е уште не дал исказ во јавното обвинителство за случајот за кој, како што беше објавено, по распитот во МВР против него била подигната прекршочна постапка.

Полицајката Јаначковска, веќе беше повикана и даде изјава во ЈО, но за новинарите одби да даде детали за нејзиниот исказ.

Како што пренесува ТВ24, Асани рекол дека кога ќе добие покана, ќе се појави во Јавното обвинителство.

SHARE