Бигорски манастир доби на дар мошти на светци од Бугарија

Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ доби на дар од Бугарија мошти на св. Димитриј, на свети апостол Андреј Првоповикан, на св. Пантелејмон и на уште многу други светии.
„Овие мошти се подарок од големиот пријател на нашите манастири, благородниот отец Добри Чаков, клирик на Бугарската православна црква, свештенослужител во храмот посветен на Св. Димитриј во Калипетрово и ставрофорен свештеноиконом на Доростолската епархија, кој со голема љубов се погрижи за моштите да се изработат и специјални кивоти. Покрај нив, тој ги израдува нашите монашки семејства со уште 19 честички од повеќе видни светии, кои ќе бидат сместени во посебна моштохранителница, што ќе биде изработена веднаш штом се обезбедат средства од благочестиви дарители“, соопштуваат од Бигорски.
Од Бугарија стигнаа на подарок и мошти на св. Варвара и на св. Екатерина за храмот „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Рајчица.

SHARE

Оставете коментар