Борисов не може да се извини за бугарските злосторства од 1941 до 1945-та

Пропаѓа идејата за некаков вид извинување од бугарската страна за злосторствата направени во Македонија од страна на бугарските окупаторски власти меѓу 1941 и 1945 година.

Темата за извинување на Бугарија која како сојузник на фашистичка Германија е виновна за смртта на илјадници луѓе во некоклку наврати била разговарана и за време на процесот што од 2008 година го водеше владата на ВМРО – ДПМНЕ и во рамки на контактите меѓу експертските групи од двете земји.

Според добро упатени извори во преговорите бугарскиот премиер лично бил согласен да се најде некаков модалитет за извинување до жртвите на фашистичка Бугарија во Македонија во кои што жртвите не би се именувале како Македонци а со извинувањето немала проблем ни министерската за надворешни работи Екатерина Захариева.

Бојко Борисов и шефицата на дипломатијата биле советувани против спроведување на оваа идеја по консултациите со експерти и извршените анкети на јавното мислење според кои бугарските граѓани сметаат дека Бугарија не треба да се извинува никому за својата улога во втората светска војна а најмалку на Македонија.

Општото мислење кое што владее во Бугарија за овој дел од историјата е дека Бугарија во втората светска војна ја ослободила а не ја окупирала Македонија и затоа таа треба да се третира како и останатите територии на Бугарија во тоа време.

Конкретно истражувањата покажале дека доколку Софија се извини на Бугарија ќе треба да им се извинува и на сите други бугарски провинции кои што ги окупирала тогаш но и на сите 28 области или територијални единици на кои е поделена сега земјата.

Вториот аргумент зашто советниците на Борисов инсистираат тој да не се извини е познатата бугарска теза дека убиените на македонска територија  во втората светска војна настрадале не затоа што се Македонци туку затоа што биле комунисти и противници на режимот. Доколку Бугарија сега се извини за 12-те младинци од Ваташа таа ќе признае дека тие биле Македонци, нешто што според официјалната бугарскка историографија не постоело се до 1946 година.

Бугарија досега никогаш не се извинила за смртта на десетици илјади луѓе во окупираните територии во втората светска војна. Грција со децении бара бугарските власти да се извинат за злосторствата на бугарските официјални сили и парамилитанти единици во провинцијата Источна Македонија односно Тракија кога беше под бугарска власт во втората светска војна.

Во март 2013 година Бугарскиот парламент усвои резолуција која што се смета за официјално извинување до Израел за депортацијата на над 11 илјади Евреи од Македонија и Тракија.

Овој документ Израел никогаш не го прифати целосно затоа што во него се осудуваат „криминалните акти извршени под команда на Хитлер и се жали што локалната бугарска администрација не била во можност да ги превенира“, но не се презема одговорноста од страна на Бугарија.

Слична ваква формулација била на маса на премиерот Борисов и пред посетата на Скопје тврдат изворите на Expres.mk, но за извинување во било каква форма најверојатно Македонија ќе треба да почека некоја друга бугарска влада.

Со дозвола на бугарската влада сите Евреи од Македонија и Грција беа испратени во логорот Треблинка.

По иницијативата на бугарската јавност владата на фашистичка Бугарија направи договор со Германија да не депортира околу 48 илјади Евреи кои што живееле во Бугарија.

SHARE