Селото е сместено на источниот дел од Преспанското Езеро, во една од подлабоките западни пазуви на планината Баба, во средишниот дел на живописната Брајчинска Река. Се простира на обата брега на реката, на надморска височина од околу 1000 метри.

Брајчино се наоѓа во крајниот југоисточен дел на територијата на Општина Ресен, чиј атар се издигнува до југозападниот срт на планината Баба, каде што се допира со атарот на Општина Битола, како и со државната линија на јужниот сосед. Се наоѓа 6 километри од езерото, а на 32 километри оддалеченост од градот Ресен.

Селото Брајчино се наоѓа на Балтан Планина. Низ него тече и реката Балтан.

Селото е со добра организираност и бескрајна чистота. Ниту едно книвче, ниту догорче на патот. Само бескрајно диво зеленило, жуборењето на Балтан и миризливиот воздух што ги плени белите дробови.

Денеска во Брајчино десетина куќи издаваат соби, во рамките на проектот за развој на селскиот туризам. Старите куќи се обновуваат, а има и зошто. Постојано се зголемува бројот на туристи што сакаат да престојуваат во ова село.

SHARE

Оставете коментар