Стотина луѓе се собраа тивко утриннава на бдение пред Светиот синод, кој треба да се произнесе по барањето на Македонската православна црква, Бугарската православна црква (БПЦ) да стане нејзина „мајка“.

Тоа се случува по официјалната посета на премиерот Бојко Борисов на Македонија минатата недела, каде, во Струмица, владите на Македонија и Бугарија одржаа заедничка седница.

Дури и дождот не ги исплаши граѓаните пред Синодот, јавуваат бугарски медиуми кои известуваат дека тие носеа транспаренти на кои пишува(ло) „Ваша Светост, не ја отфрлајте пружената рака од нашите браќа од Македонија”; „ Не плашете се да бидете црква-мајка на Охридската архиепископија“, “Бугарска патријаршија – ајка-црква на МПЦ-Охридска архиепископија“; „Седум века охридската архиепископија била на цела Бугарија“.

Во писмото од МПЦ-ОА од 9 ноември се бара Бугарската патријаршија да воспостави евхаристичка (благодарна)  заедница со Македонската архиепископија, а за возврат, Бугарската православна црква ќе биде призната како Мајка Црква.

SHARE