Бугарски ревизори ќе подучуваат македонски колеги

Бугарската комора на ревизори е првата национална бугарска институција која ќе спроведува проект на ЕУ во Македонија со цел „да ги подготви нашите соседи за нивната успешна интеграција во Европската унија“ изјавил претседателот на ревизорската комора Цветан Цветков.

Вредноста на проектот изнесува 1,4 милиони евра, а периодот за имплементација – 21 месец.

Почетокот на проектот се совпаѓа со јасниот приоритет што го дава бугарската влада, имено, дека во рамките на бугарското претседателство интеграцијата на Западен Балкан.ќе биде од особено значење.

„Но, ова не е толку балкански проект, туку вистински европски проект“, коментираше Цветков.

SHARE