Понудата на Европскиот парламент да организираат разговори во формација „Жан Моне“ е се уште актуелна, средба во  јануари не се одржала бидејќи немало потврда од ВМРО-ДПМНЕ.

Вајгл во интервју за МИА, европратеникот и известувач за Македонија Иво Вајгл заедно со своите колеги Едвард Кукан и Кнут Флекенштај на крајот на февруари ќе допатуваат на средби во Македонија, за да договорат нов датум.

„Најпрво го чекавме нивниот вонреден конгрес и одлуката за раководството на партијата, и се разбира, одлуката на новото раководство дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во тој проект. Досега таков одговор се уште не сме добиле.

Добив информација дека идната недела новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во Брисел и тогаш ќе имаме разговор со него… ние тројцата пратеници кои сме иницијатори на таа иницијатива, Едвард Кукан, Кнуц Флекенштајн и јас, и дефинитивно да се договориме за новиот датум на првиот состанок и за темите кои би биле одобрени, усогласени за тој прв состанок, изјавува Вајгл за МИА.

Според Вајгл, она што во овој момент недостасува е конструктивна соработка на сите партии застапени во Парламентот. Неговата порака до опозицијата, која не учествува во работата на Собранието, е дека бојкотот не е инструмент кој би бил прифатлив за демократските држави и односи.

ВМРО-ДПМНЕ вчера објави дека се враќа во Собрание да го попречат инаетењето на предлагачите на сила да го истуркаат неуставниот Закон за употреба на јазиците кој е на штета на Република Македонија.

SHARE