Ο βουλευτής της ΔΗ.ΣΥ Ευάγγελος Βενιζέλος μιλάει κατά τη διάρκεια της παρουσίασης του βιβλίου "Το Μακεδονικό", στο υπουργείο, Αθήνα Τρίτη 27 Μαρτίου 2018. ΑΠΕ-ΜΠΕ/ΑΠΕ-ΜΠΕ/ΓΙΑΝΝΗΣ ΚΟΛΕΣΙΔΗΣ

Потребно е решение „кое нема да биде уште еден привремен договор, нема да биде делумно решение (…) туку ќе биде целосно и едно решение“ смета поранешниот шеф на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, пренесуваат вечерва грчки медиуми.

„Решението треба да биде комплексно име, со географска одредница на словенски – и по можност непреведено – што нема да остави празнини и недоразбирања во врска со неговата употреба, erga omnes, и ќе важи за сè.

Тоа ќе биде едно за внатрешна и за надворешна употреба, без постојната разлика помеѓу внатрешно уставно име и меѓународно име за употреба во меѓународни организации.

Тогаш ќе се решат сите технички проблеми што се однесуваат на јазикот, производите, државјанството и така натаму“ изјавил Венизелос, кој беше шеф на грчката дипломатија (2013-2015) во владата на Андреас Папандреу.

Постои нова влада, владата на Заев-Ахмети, која има расположение, декларираната подготвеност да продолжи со сериозен пристап кон ова прашање и да ги исполни меѓународните обврски на соседната земја, изјавил Венизелос

SHARE

Comments are closed.