Има неколку есенски мотиви од областа на храната и пијалоците кои се врзуваат со оредени годишни времиња, а мирисот на компотот од дуњи е веројатно најлесниот начин на познаете дека есента е тука, но и дека зимата доаѓа. А начинот на подготовка не може да биде полесен.

Потребни состојки:
-1 килограм дуњи
-250 грама шеќер
-2 литра вода

Подготовка:
Дуњите се мијат, чистат и се сечат на коцки, по што се ставаат во поголем лонец во кој се додаваат шеќерот и водата. Се вари минимум еден час, а се пие и топол и ладен. Односот на вода и шеќер е варијабилен.

SHARE