Вечерва во Кардиф се одржува боксерскиот меч во тешка категорија меѓу шампионот Ентони Џошуа и предизвикувачот Карлос Такам кој всушност е замена за Кубрат Пулев кој откажа пред десет дена. Британецот Џошуа кој има 19 меча без пораз во профи рингот е голем фаворит и сите очекуват тој да ги задржи појасите во три асоцијации. На Французинот роден во Камерун му се даваат мали шанси, но Такам призна дека ова за него е меч на животот.

SHARE

Оставете коментар