Србија со истрага за македонска надри-лекарка и Карлеуша

Српското јавно обвинителство започнало истрага против десетици лица кои што се истражуваат за предизвикување паника и ширење дезинформации за ефектот од вакцините.

Истрагата започнува откако минатиот месец Основниот суд во Белград добил кривична пријава за 43 лица кои се противеле на вакцинација на деца.

Пријавата е потпишана од 270 луѓе од цела Србија а на чело на листата е Слаѓана Велков од Владичин Хан која според властите во Србија се наоѓа на непозната адреса во Скопје.

Покрај Велков која во Македонија беше обвинувана дека продава непроверени средства за лечење на листата за истрага се и пејачката Јелена Карлеуша и новинарката Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ.

SHARE