Во два дена спречен шверц на 6 тони албанска дрога

Италијанска и грчката полиција заплениле околу 6 тони марихуана од Албанија во изминатите два дена.

Италијанската полиција заплени вчера 5 тони марихуана и уапси 25 лица. Оваа операција била спроведена во соработка со Централната истражна служба во Рим, јавува Exit.al.

Грчката полиција околу 2 часот утринава, спречи шверц на 424 килограми марихуана од Албанија во  Игуменица. Полицијата ги уапси албанските возачи.

Вчера албанската полиција заплени 613 килограми кокаин скриени во камион со банани во пристаништето Драч, за што е оценето дека претставува најголема количина на кокаин некогаш запленети во Албанија, јави порталот Exit.al.