Ова е период во годината во кој сите зборуваат за нив, за деликатесот кој е неодминлив за секое пристојно христијанско домаќинство. Чварките можеби не се најздрави за организмот, иако последните истражувања велат дека така подготвените масти и не се штетни, можеби дебелеат, но затоа се вкусни, незаменливи, неповторливи. Особено ако мајсторот ги погоди.

Потребни состојки:

-5 килограми свинска сланина
-1/2 килограм свинска маст
-5 грама сол
-1/2 литар вода
-1/2 литар млеко

Подготовка:
Салото или сланината се сече на парчиња со големина од околу 3 сантиметри и целото се става во широко тенџере или поголема тава. Во истиот сад се додаваат и свинската маст и водата, а шпоретот се загрева на бавно, по што постепено се засилува. Повремено се меша, а целиот процес треба да трае околу 3 часа. Пред да бидат готови чварките се полеваат со млеко, по што се цедат, а дури потоа се посолуваат.

SHARE