Грчката делегација во Скопје донела и штембиљ (ФОТО)

Грчката официјална делегација за време на посетата на министерот за надворешни работи Никос Коѕиас на Скопје носела специјален печат – штембиљ со кој на сите документи добиени од домаќините ставала ознака дека РМ ја признава како ФИРОМ.

Порталот „опсервер.мк“ објавува дека дури и на материјалите за новинарските екипи, кои се за лична употреба, биле ставани вакви печати.

Слични печати се користат на граничните премини кон Грција за возила кои ја имаат налепницата со кратенката МКД.

Линк до текстот на опсервер.мк

SHARE

Comments are closed.