Грчки новинар ги обвини соседите за уривање на преговорите за името

Димос Верикиос, новинар и потпретседател на грчката телевизија Алфа, во својата 15-минутна анализа во емисијата „Хепи деј“ утрово ги обвини Србија, Албанија, Бугарија и Турција дека сакаат пропаѓање на преговорите за името меѓу Македонија и Грција.

Тој ги повика Министерството за надворешни работи и грчките институции да врачат протестна нота поради однесувањето на Албанија и на Бугарија, кои сакале да ја преземат и црквата во Македонија.

Мешајќи ги бугарскиот претседател Румен Радев и премиерот Бојко Борисов, додека одеше снимката од посетата на Радев на Бигорски манастир, Верикиос прокоментира: „Ете го премиерот на Бугарија, Борисов, кој сакал да ја преземе Грчката црква и има пеколен план со Албанија, Србија и Турција да ги урнат преговорите меѓу Атина и Скопје за името ‘Македонија’. Гледате ли како им дава на поповите златен накит, за да ги поткупи. Затоа Борисов толку често се гледа со Ердоган“.

 

SHARE