Научниците веруваат дека шеќерот создава зависност осум пати посилна од зависноста од кокаин.

Некои луѓе се навистина чувствителни, но докажано е дека колку повеќе шеќер внесувавте во организмот, толку е поголема шансата да станете зависни и да внесувате преголеми количини, кои не само што ги надминуваат потребите на организмот туку имаат и штетно дејство врз него.

Штом шеќерот навлезе во вашиот крвоток, тој го стимулира лачењето на хормонот допамин, кој прави да се чувствувате добро и среќно, но тоа е само привремено. Неколку минути подоцна првичното возбудување веќе поминало и вашето тело бара нова доза шеќер.

Првиот чекор за да ја намалите количината на шеќер во организмот е избегнувањето на вештачките засладувачи. Тие само дополнително ви создаваат чувство на среќа, а вистината е дека навистина се штетни за телото.

Јадете повеќе овошје кое во себе содржи природни шеќери и постепено намалувајте го внесувањето на торти, колачи, грицки и за кратко време ќе забележите како вашето тело се менува