Македонскиот премиер вели дека треба да се отвори и прашањето на Уставот на Грција па да се види како соседната земја води сметка за Грците кои живеат надвор, па според тој пример да се однесува и на Македонија.

„Идентитетот е чувство и за него не можете да преговарате, да се ценкате. Јас верувам дека во тој дух, водејќи се внимателно кон партнерите со кои преговараме ќе изнајдеме решение, а истовремено да се отвори и Уставот на Грција и да видиме како тие водат грижа за Грците надвор од Грција.

Јас сум подготвен, како тие водат грижа за Грците надвор од Грција, така и ние да водиме грижа за Македонците надвор од Македонија, соодветно исто“, изјави Зоран Заев, како што пренесе Макфакс.

На новинарско прашање поврзано со грчкото инсистирање да се смени и уставот на Македонија заедно со промена на името, Заев изјави дека „каква било уставна промена не би значела трајна гаранција за Грција“.

Премиерот смета дека може да се пронајде решение за ова прашање со придржување кон меѓународно познатата пракса за решавање вакви спорови.

Тој додаде дека не треба да се поставуваат црвени линии доколку се сака да се дојде до решение, но мора да се сочува достоинството на двата народа и да се задржи идентитетот.

Во врска со грчкото инсистирање за промена на уставот премиерот Заев во неколкунаврати изјави дека „ Македонија го промени својот устав 1993 година да ги допрецизира членовите 49 од уставот вградувајќи амандман  2  и ние направивме голем чекор како земја таа година за да го отклониме иредентизмот“.

Денес и портпаролот на грчката опозициска Неа ддемократија Димитрис Ѕанакопулос повтори повтори дека уставното име на Македонија треба да се промени за да може да важи условот ерга омнес.

SHARE