Двојните стандарди на Белград за Косово – За ОАЕ сите почести, за нас ФИРОМ

Официјален Белград вчера за време на посетата на грчка делегација објави дека одсега во меѓународните форуми Македонија ќе ја нарекува ФИРОМ поради тоа што земјава постојано на меѓународно ниво гласа за Косово но не води ист таков аршин за сите земји.

Така на пример Обединетите Арапски емирати која што е една од првите земји што го призна Косово и во меѓународните организации постојано гласа за Косово наспроти интересите на Србија не само што не е казнета со ништо туку за неа Белград нуди посебни повластици.

На оваа земја и беа дадени поволни услови за купување на националниот превозник ЈАТ а и се нудат и низа други бенефиции за инвестиции.

На отворањето на новата амбасада на ОАЕ во Белград во јуни покрај министерот за надворешни работи шеикот Абдула Зајед ал Нахјан учествувале претседателката на Собранието на Србија Маја Гојковиќ, српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Небојша Степановиќ како и српскиот министер за одбрана Зоран Џорџевиќ.

На средбата и воопшто во комуникацијата со ОАЕ Србија никогаш не и забележала на оваа земја за тоа што го признала Косово и што постојано гласа против позициите на Србија во ОН и во други меѓународни форуми.

Во случајот со Македонија Белград игра сосема поинаква игра, по повлекувањето на персоналот на амбасадата во Скопје во август сега Дачиќ објави дека Србија во меѓународните организации во иднина ќе и се обраќа со референцата ФИРОМ. 

SHARE

Оставете коментар