Договорот со Бугарија може да не влезе во сила

Договорот за добрососедство со Бугарија може да не влезе во сила  поради развојот на настаните во Македонија, велат дел од анализите во бугарската јавност според кои постои шанса потписите на премиерите Борисов и Заев да бидат само „празно слово на хартија“.
Проблемот според дел од бугарските аналитичари се закажаните локални избори поради кои Собранието во Скопје нема да може да го ратификува договорот со Бугарија и со тоа практично тој не може да стапи во сила. Бугарија планира ратификацијата да ја помине во Собранието во најбрз можен рок.

Главниот проблем за договорот е што поради големиот револт во Македонија за договорот, за законот за албанскиот како втор службен јазик и градењето на капацитетите за сместување на бегалците, можно е на локалните избори во октомври владеачката коалиција да претрпи тежок пораз по што опозицијата може да инсистира на предвремени парламенатрани избори и да започне нова политичка криза во која ќе нема време и простор за ратификација на договорот.

Доколку ВМРО – ДПМНЕ и лидерот Груевски не се откаже од непочитување на договорот кој според нив е штетен за Македонија, а во октомври победи на локалните избори, двете земји ќе мораат одново да започнат преговори за да се дефинира нов текст на договорот со Бугарија, велат дел од сценаријата кои што се разгледуваат во источниот сосед.

ВМРО – ДПМНЕ го започна процесот на преговори со Бугарија во 2008 година но поради бескомпромисниот став на Софија за македонското малцинство и за заедничката историја договорот не беше потпишан се до пред една недела од страна на владата на СДСМ.

 

SHARE