Лековитите својства на доматот се помалку, повеќе познати, но треба секогаш да се потсети дека тој е и моќен природен антиканцерогенат.
Неодамна спроведените научни истражувања покажале дека луѓето кои во својата исхрана редовно консумираат домати (solanum lycopersicum) имаат помал ризик да заболат од кардиоваскуларни и малигни заболувања, но и од други хронични болести.
Доматот е високовредна намирница која во себе содржи многу малку масти, калории и холестерол, а изобилува со витамини А и Ц, со бета каротин и минерали. Еден средно голем свеж домат има само 25 калории, а е одличен извор на витамини, минерали и други корисни и лековити состојки.
Истражувачите и научно ја потврдиле заштитната улога на ликопенот во настанувањето на ракот на простата, како и во намалување на ризикот на рак на желудникот, на дојката и на кожата. Мажите кои консумираат 10 домати неделно имаат 45% помали шанси да заболат од рак на простата.


Доматот содржи и органски соединенија терпени (терпеноиди) кои помагаат во блокирањето на туморите. Други намирници со висока концентрација на терпени се билките како: розмарин, тимијан, оригано, босилок и нане.
Доматот ја подобрува работата на цревата, помага при дијабет, воспаленија на дишните патишта, ја штити кожата од штетните сончеви УВ зраци, ја превенира слабокрвноста, го зајакнува имунитетот.
Доматот ја подобрува работата на цревата. Тој е природно средство за полесно празнење на цревата, па им користи на лицата кои патат од запек и хемороиди.
Исто така, поволно делува и на високиот крвен притисок, ја стимулира функцијата на панкреасот, ја подобрува циркулацијата во организмот.
Доматот е природен лек и за сабокрвноста, а ја регулира и шеќерната болест.
Бидејќи доматот е богат со витамн Ц, тој помага во спречување на напади на астма, инфекции на дишните патишта, солзење на очите и други алергиски симтпоми.
Доматот се препорачува за зајакнување на имунолошкиот систем на организмот, но и за диетална исхрана, бидејќи е хранлив, а нискокалоричен.
Доматот, поради големата содржина на ликопен и бета каротин, ја штити кожата од штетните ултравиолетови зраци, намалувајќи ја активноста на слободните радикали, кои настануваат поради емисијата на УВ зраци т.е. при сончањето. Варениот џус од домат има голема количина на ликопен кој ја штити кожата од изгореници. Научниците нагласуваат дека сосот од домат е најдобро да се комбинира со малсиново масло, бидејќи тоа ја помага апсорпцијата на антиоксидансите. Стручњаците нагласуваат дека ваквата заштита трае цел ден, го штити телото од кумулативниот ефект од сончевите зраци.


Парчиња од свеж домат може да се користат и како облоги за лекување на чиреви, мозолчиња на кожата и некои кожни заболувања.
Доматите се применуваат на бројни начини. Свежи или исечени на парчиња или измешани во салати, тие се секогаш вкусни. Нивниот вкус е единствен во природата и го подобрува вкусот на секоја храна која се готви. Доматите исто така се користат во форма на џус, супа, пире, сос и кечап.

SHARE

Оставете коментар