Достоинствен митинг без говор на омраза во Скопје

Безусловен крај на разговорите за името Македонија со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединети нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, беше побарано вечерва на големиот митинг за одбрана на името на Македонија.

Законот за употреба на јазиците, повлекување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, итно ослободување на притворените и осудените за настаните во Собранието од 27 април 2017 година и итно ослободување на Едмонд Темелко од обвинение и од домашен притвор, се другите барања кои ќер бидат доставени до државниот и владиниот врв.

Организаторите побараа од присустните да се воздржат од било каков говор на омраза.

SHARE