СДСМ го одбил барањето на ДУИ која имала поддршка од Алијансата на Албанците, во Охрид за началник на МВР да биде поставен етнички Албанец.
Меѓу командните позиции во СВР Охрид и УВР Струга има неколку Албанци, Турци и Македонци муслимани но првиот човек на СВР Охрид под кого се полициските станици во Струга, Кичево и Дебар е Сашо Смилевски кој беше началник и во периодот додека Оливер Спасовски беше министер во техничката влада на ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ за време на кризата.
Сите осум началници на Секторите за внатрешни работи во Скопје, Куманово, Охрид, Велес, Штип и Битола се Македонци по националност а меѓу високите позиции особено во градовите со големо или доминантно албанско население има припадници на сите етнички заедници.