Ексклузивно: Парите на Мајка Тереза можеле да ја урнат „Banca Vaticana“

Светицата Мајка Тереза која што е родена во Скопје со својата банкарска сметка во „Институтот за работа со религиите“ кое што е официјално име на Банката на Ватикан можела да го урне финансискиот систем на Католичката црква.

Ова во својата книга „Оригинален грев“ го пишува италијанскиот новинар Џанлуиџи Нуци кој тврди дека Мајка Тереза имала толку голема заштеда во Банката на Ватикан што ако истата ја повлекла банката ќе морала да оди во стечај.

Во новата книга на Нуци пишува за најтемните тајни на Ватикан а меѓу нив се зборува и за Мајка Тереза која што во времето кога претседател на Банката на Ватикан бил амеирканскиот кардинал Пол Марчинкус познатата скопјанка имала далеку најмногу пари на својата сметка од сите други штедачи во банката.

„Доколку Мајка Тереза ја затворела својата сметка или ги префлрила парите во друга банка , Институтот ризикувал банкрот“, пишува Нуци во својата книга.

Според книгата „Сметката на Мајка Тереза во Банката на Ватикан е доказ дека американскиот кардинал се мешал во внатрешните работи на Ватикан и дека банката сеуште ја има довербата од Светата Столица. Мајка Тереза имала доверба во банката каде што била примена од Монсињор Де Бонис, десна рака на Марчинкус“.

Мајка Тереза поради својата хуманост докажана во децениската работа со болни и изнемоштени луѓе во септември 2016 година од страна на Папата беше прогласена за светица.

Во текот на својата работа и по смртта таа во некоку наврати беше обвинувана за финансиски грешки но овие наводи никогаш не беа докажани.

SHARE

Оставете коментар