Јоханес Хан и Рајнхард Прибе в понеделник ќе пристигнат во Скопје на средби со премиерот Зоран Заев, со владини претставници и со политичките лидери. Од Европската комисија соопштија дека Еврокомесарот за проширување и правниот експерт доаѓаат во Македонија за да одржат средби на кои ќе разговара за плановите и реформите на новата македонска влада.

Јоханес Хан пред доаѓањето во Македонија рече дека и владата и опозицијата треба да се фокусираат на имплементацијата на договорот од Пржино и да ја вратат Македонија на патот кон Европската унија. Според него нашата земја со помош од ЕУ ја надмина политичката криза преку добро спроведени избори и со формирање на нова влада.

Рајнхард Прибе инаку веќе е во земјава, во Охрид каде од вчера учествува како предавач на Летната школа за правници.

SHARE