Заев бара општа амнестија, и убијците од Монструм ќе лежат помалку

Ненадејната посета на премиерот Заев на затворот Идризово иако на прв поглед е нелогична затоа што новата влада има далеку поголеми приоритети од условите за живот на затворениците, сепак има политичка логика.

Премиерот во Идризово не замина да се жали на затворските услови ниту да се види со убиецот на Марин Нешковски, Игор Спасов, туку да ја започне кампањата пред се во контекст на албанските гласачи.

Шпекулациите за амнестија на голем дел од криминалците кои што за возврат ќе треба да „работат на терен“ за време на локалните избори се претворија во реалност по денешните вести за потреба од закон за намалување на казните на сите затвореници.

Овој закон како реалност го најави  „Гласот на Америка“ на македонски јазик каде вчера вечер беше објавена ексклузивна  анализа за потреба од амнестија во затворите како начин за решавање на проблемите во овие воспитно поправни установи.

Во анализата на „Гласот на Америка“ на македонски јазик се објавува изјава на премиерот Заев која што не е пренесена во ниту еден друг медиум  во која тој вели:

„Ако некој е осуден на 10 години казна затвор, тоа значи дека три години ќе му бидат избришани од казната. Јас лично мислам дека треба да биде избришано од целокупната казна, така е поправично“.

Гласот на Америка објавува и изјава на министерот за правда Биљен Саљији кој смета дека амнестијата е дел од решението и најави дека веќе се размислува за закон за амнестија.

„Факт е дека имаме пренатрупаност во затворите. Денеска видовме како изгледа затворот Идризово. Засега конкретно решение нема, но има идеи, има предлози има дискусии. Стручната јавност треба да предложи рамки на законот а телата во министерството да ги допрецизираат“, вели Саљији за Гласот на Америка и додава дека амнестијата како парцијално решение се применува во неколку соседни држави.

Со закон за амнестија покрај намалувањето на метежот во македонските затвори делумно ќе се одговори и на барањето на албанската јавност која што бараше ослободување на сите осудени во случаите, Монструм, Бродец, Кумановските настани а бенефит може да има и кондовската група на Агим Красниќи.

Доколку законот биде донесен по скратена постапка и влезе во сила пред локалните избори тогаш е јасно дека  покрај желбата за похумани услови во македонските затвори во игра е и политички пазар односно обид со намалување на казните владата да се додвори на дел од граѓаните.

Практично, доколку ваков закон биде донесен осудените во случајот Монструм во кој беа убиени 4 деца и рибарот на Смилковското езеро чија доживотна казна затвор се менува во казна од 20 години тие ќе добијат намалување од речиси седум години.

Доколку во затворот се однесуваат пристојно но и со помош на политички притисок убијците од Велигденскиот масакр ќе можат да излезат по две третини од казната односно по 8 години. Право на излез за време на викенди и празници ќе добијат веќе во седмата година в затвор.

Слично е и со 37 убијци на 8 македонски полицајци во Куманово. Доколку законот биде донесен по изрекување на нивните правосилни пресуди тие автоматски ќе добијат по една третина помали казни што значи дека на слобода  ќе можат да излезат за многу пократко време од тоа што ќе биде наведено во пресудите.

 

SHARE

Оставете коментар