Заев: Работите во врска со новата влада се позитивни

За лидерот на СДСМ и мандатар на новата влада консултациите за новиот состав на владиниот кабинет се движат во вистински правец.

„Разговорите течат со сите политички партии. Јас се надевам дека ќе ги заокружиме важните принципи за она што е интерес за граѓаните на Република Македонија и за нашата заедничка земја. Драго ми е што во тој дел работите се движат во позитивен правец“, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села во Тетово.

SHARE

Оставете коментар