Во денешен коментар на атински „Катимерини“ насловен како „Облаци надвиснуваат над преговорите со ФИРОМ“, авторот Василис Недос вели дека шефот на македфнската дипломатија, Никола Димитров  е „член на националистичката партија ВМРО-ДПМНЕ“.

Не е јасно дали се работи за (не)намерна грешка или за непознавање, но овој „превид“ е направен во коментар во кој се изразува незадоволство од некои изјави на министерот Димитров.

„Само неколку дена пред министерот за надворешни работи, Никос Коциас, да замине за Скопје, падна сенка на преговорите за решавање на спорот околу името помеѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија, откако се дозна дека неговиот колега, Никола Димитров, наводно, за време на неговите контакти со официјални претставници на Европската унија ги опишал позициите на Грција дека се граничат со „апсурд“, пишува Недос.

Според дипломатски извори, се тврди во коментарот, забелешките на Димитров не биле примени добро во Атина.

„Не се заборава во Атина, дека Димитров, кој е член на националистичката партија ВМРО-ДПМНЕ, исто така е дел од кревката коалиција под водство на социјалистот Зоран Заев и дека неговата реторика е насочена кон домашна публика“.

Министерот Никола Димитров не е и никогаш не бил член на ВМРО-ДПМНЕ.

SHARE

Comments are closed.