Попладнево се одиграа средбите од 12 коло во нашата Прва лига, а во него неколку изненадувачки резултати кои влијаат на врвот од табелата. Пред се, победата од 3-1 на Работнички против Вардар во скопскиот мегдан, кој ги крева романтичарите, но и го урнисува ривалот кој веќе е во серија од три порази, еден европски, два домашни и тоа за само седум дена. Оваа криза на Вардар, не ја искористи најголемиот конкурент за титулата и актуелен лидер Шкендија која прими гол во 90 минута и е поразена во Струмица кај Академија Пандев со 3-2. Ова е прв пат сезонава двата главни претендента за титулата да доживеат порази во еден термин. Од останатите средби најважна е победата на Силекс кај Пелистер со 2-1 и уште Ренова-Скопје 5-1 и Шкупи-Победа 1-0.

На врвот од табелата нема промена кај водечкиот: Шкендија има 28 бода од 12 средби, но сега Академија Пандев е втора со 21 поен од 11 меча, а Вардар е трет затоа што остана на 19 бода од десет натпревари.

SHARE

Оставете коментар