Даниел Ендрјуз, премиер на австралиската сојузна држава Викторија, на денешното одбележување на националниот празник на Грција во Мелбурн изјави дека Македонија е исто толку грчка колку што е и Партенон!

Во својата изјава специјално за грчката редакција на јавниот радиодифузер Ес-Би-Ес тој го пофали придонесот на Грците за мултикултурата во Австралија, додавајќи дека ги дели зборовите на некогашниот австралиски премиер (1972-75) Гаф Витлам за Македонија.

„Големиот Гаф Витлам, голем филхелен (гркофил – н.з.), стоејќи на бината на фестивал во Мелбурн, нагласи дека ‘Македонија е исто толку грчка колку и Партенон’. Сметам дека тој многу добро го кажа тоа. Тоа е и негов поглед, и мој поглед. Тоа е здравиот разум“, заклучи Ендрјуз.

Грците го слават 25 март 1821 година како почеток на војната за независност против Отоманската империја.

 

SHARE

Comments are closed.