Време е на големите православни зимски слави кои без исклучок се посни. Тие не можат, не смеат, да минат без сарма од зелка, иако поинвентивните домаќинки знаат да изненадат и со посни сарми од штавел, лозов лист, блитва. Секако тука се и оние кои се вистински сладокусци и на кои не им треба слава или именден да си направат посна сарма. Еве го најтрадиционалниот рецепт.

Потребни состојки:

-1,5 килограм стасана зелка
-250 гр. ориз
-кромид
-праз
-сол
-црвен пипер
-масло
-ловоров лист
-По желба: нане, буковец, вегета, суви пиперки, ореви, печурки.

Начин на подготовка:

Кромидот, празот и оризот се пржат на масло, и се доадаваат солта зачините. Зелката се дели и од секој лист се прават, се виткаар по 3 или 4 сармички бидејќи за разлика од мрсните, посните сарми треба да бидат помали. Истите се редат во тавчето или тенџерето во кое потоа додаваме вода, масло и ловоров лист.
Вака подготвено најдобро е прво да се вари околу еден час, а потоа ист период и да се пече.

SHARE