Зинедин Зидан најави дека Кристијано Роналдо допатувал во Скопје со одредена цел и затоа не треба да чуди ако тој денеска заигра за Реал Мадрид на „Телеком Арена“ во Скопје против неговиот поранешен тим, Манчестер Јунајтед.

„Штом дојде тука со нас, значи дека е подготвен да игра, а дали ќе настапи од првата минута ќе видиме. Најзначајното е што во моментов е тука со нас, а тоа е од огромно значење за тимот. Ние имаме фудбалери кои не се заморени од победување и се гладни за успеси. Ќе играме наш стил со отворена желба за победа. Тоа е нашата цел по која дојдовме во Скопје“ потенцираше Зидан. Стратегот одговори и на провокацијата на тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, поврзана за Герет Бејл.

„Бејл е фудбалер на Реал Мадрид и ништо друго не ме интересира. Дали ќе игра зависи само од стручниот штаб и нашите размислувања околу тоа дали ќе биде потребен“ рече тренерот на „кралевите“ пред дуелот предвиден за 20.45 на Телеком арената во Скопје.

SHARE