Зијадин Села го обвини СДСМ за предавство

Повлекувањето од Законот за употреба на јазиците од страна на СДСМ, за Алијансата на Албанците на Зијадин Села е предавство и потсети дека токму донесување на Закон за употреба на јазиците бил услов за формирање на сегашната влада, а дека пратениците на Алијансата биле гарант за мнозинството во Парламентот.

„Овие политички игри на СДСМ ми личат на нејзино враќање на својот идентитет и својот извор. Овој Закон за употреба на јазиците требаше да се донесе во 2004 година како нормативен дел од Охридскиот договор. Токму СДСМ и ДУИ беа тие кои не го донесоа овој закон тогаш“, изјави Зијадин Села, пренесе Алсат М.

Тој ги повика ДУИ да ја преиспита својата позиција во владата.

SHARE

Comments are closed.