Зошто претседателот во Анкара замина 7 дена по премиерот?

Крајно невообичаено македонскиот претседател Иванов замина во Анкара на средба со неговиот колега Таип Реџеп Ердоган само една недела по посетата на премиерот Заев.

Краткиот период меѓу двете посети укажува на можна лоша координација на кабинетите на претседателот на државата и на премиерот, но и на можни нерасчистени прашања од првата посета и средба на Ердоган со Заев кои што треба да расчистат со Иванов.

Овие прашања според аналитичари кои инсистираат на анонимност може да се поврзани со следбениците на Фетула Ѓулен кои што се присутни во Македонија.

На прес конференцијата со Иванов, Ердоган јасно кажа дека од Македонија очекува соработка за ова прашање.

SHARE