Со првите снегови се вадат старите рецепти кои бараат малку повеќе простор во смисла на рингла, шпорет, плинско на отворено за да ги поштедите оние на кои силните мириси не им се допаѓаат. Поради празот, а делумно и поради чварките ова јадење спаѓа во таа група, но затоа за оние што знаат ова е врв.

Потребни состојки:
1 килограм месести чварки
5 страка праз
2 главици кромид
сол, црвен пипер, вегета, бибер
(по желба печурки, црвени суви пиперки)

Подготовка:
Ништо полесно. Празот се сече и се става да се пржи на тивко. Се додава кромидот, па чварките, па и другите додатоци (печурки, црвени пиперки). Кога празот (30 минути) ќе омекне се ставаат солта, црвениот пипер, вегетата и биберот, а потоа се става во рерна да се пече уште еден час.

SHARE