Има мобилизација за името, Атина бара да се почекаат подобри денови

Постои „одредена мобилизација“ во спорот за името тврди грчки дипломатски извор за француската новинската агенција АФП (Agence France-Presse) која објавува анализа за можностите Македонија наскоро да стане членка на НАТО што според авторите е поверојатно одошто да стане членка на ЕУ поради кризата во унијата.

Грчкиот извор тврди дека од Скопје пристигнуваат „некои сигнали“ на добра волја но покрај тоа за Грција сега е неопходно да се „почека за акција“.

Ниту изворот ниту агенцијата не откриваат зошто двете страни кои водат спор повеќе од 25 години сеуште треба да чекаат. Следните избори во Грција ќе се случат во 2019 година.

АФП пишува дека претставник на СДСМ кој што инсистира на анонимност предупредува дека Грција може да ја задржи истата позиција за блокада за НАТО и ЕУ уште два века и затоа треба да се најде решение со кое ќе се доблокираат процесите на евроатланска интеграција.

Претставникот на СДСМ вели дека за да се дојде до решение треба да се изнајде политички консензус и да се поддржи предлогот на референдум што ќе биде тешко затоа што многу Македонци се против промена на името.

„Ние сме Македонци и не можеме да се именуваме поинаку“, изјавила заболекарката Мирјана Јовановска за АФП во врска со името. Сепак според Јовановска нема да биде ужасно доколку на името Македонија биде придодаден префикс. Според АФП во игра за решение според досегашните имиња се и Северна, Нова и Вардарска Македонија.

Француската агенција пишува дека Грчката влада сеуште не дала никаков предлог во очекување на започнување на нови преговори кои што се блокирани со години.

SHARE

Comments are closed.