Кајри Ирвинг го повлече Кливленд од работ на бездната кога Бостон, во вториот меч во Охајо, четврти вкупно, водеше во втората четвртина со 16 разлика, а Леброн  Џејмс поради раните 4 лични грешки седеше на клупата. Плејот одигра главно соло и маестрално, даде 42 поена со близу 70 насто шут и е најзаслужен за пресврт триумфот од 112-99. Во него, секако, свој придонес, и тоа најмногу во финишот, даде и Џејмс со 34 коша.

Кливленд сега води во источното конференциско финале со 3-1 и за пласман во големата пресметка за НБА прстените против Голден Стејт му недостасува само уште еден поен. Но, следниот меч, во петок е во ТД Гарден, а Селтикси, иако беа Ајзеа Томас, на патувањето одиграа далеку подобро од отворањето на оваа серија, што ќе ги крене дополнително, за барем еден домашен успех. Кај нив утринава најефикасни беа Бредли со 19 и Краудер со 18 поена.

SHARE