Чувствителноста на сонце или фотосензитивност е реакција на кожата на ултравиолетовите зраци. Еден тип реакција е фототоксична реакција која се јавува кога УВ зраците реагираат со заштитното средство нанесено на кожата при што се формира хемиска супстанца што ја оштетува кожата. Главен симптом на чувствителноста на кожата на овие зраци се изгореници, кои се јавуваат веднаш или неколку часа по изложувањето на сонце на местата кои биле директно изложени на овие зраци.

Поретка е фотоалергиската реакција која најчесто настанува кога УВ зраците го менуваат составот на средството нанесено на кожата при што предизвикуваат имунолошка реакција. Нерамнини на кожата, црвени дамки и црвенило се само дел од типичните симптоми на алергиската реакција на сончевите зраци.
Каква реакција ќе предизвикаат УВ зраците зависи од повеќе фактори: средството за заштита и нанесената количина, времетраењето на изложеноста на сонцето, типот на кожата. За најчувствителна група за фототоксична реакција се сметаат луѓето со светла кожа. Се верува дека меланинот нуди подобра заштита, па оттаму и лицата со темен тен се помалку изложени на ризик од изгореници и алергија. За ризична група се сметаат и лицата со намален имунолошки систем.

Најдобрата препорака за заштита од штетните УВ зраци која ќе ви ја дадат дерматолозите е да не се изложувате на сонце. Посебно се однесува за перидот од 11 до 17 часот кога УВ индексот е највисок. Доколку не е возможно да го избегнувате сонцето, тогаш користете заштитна крема со најмалку 15 фактор. Доколку имате чувствителна кожа тогаш одберете крем со 30 заштитен фактор. Важно е да го нанесете на кожата најмалку 1 час пред да се изложите на сонцето и нанесете повторно по два часа или по излегување од вода на плажа. Имајте предвид дека УВ зраците може да продрат и преку стакло, што значи дека сте изложени на сонце и додека возите.

SHARE

Оставете коментар