Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕас, деновиве го доставил договорот за промена на името на Македонија до премиерот, Алексис Ципрас.

Според „Иефимерида“, министерот ги претставил сите аспекти на планот што ќе го предложи на Македонија и кој се очекува да биде доставен до „Скопје“ следната недела.

Грчката страна сака да ги избегне „протекувањата“ на информации со цел дипломатските консултации да не се најдат на насловните страници и во ударните термини на медиумите.

Всушност, тоаа е и причината зошто Коѕиас се очекува лично да го предаде предлогот на неговиот колега Никола Димитров.

Според информациите најголема „сопка“ во разговорите останува ревизија на уставот на соседната земја.

SHARE